Утре 01.08.2012 на стадионот Билјанини извори ќе се одржи концерт на легендарниот Здравко Чолиќ, а во исто време во дворот на црквата Св. Софија во склоп на фестивалот Охридско Лето ќе настапат „Леб и Сол“.
„OHRIDNEWS“ ВЕ ВОДИ НА КОНЦЕРТИТЕ НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ И ЛЕБ И СОЛ
31.07.12 12:38
Започнува нашата нова наградна игра, во која доделуваме по две влезници за најочекуваните настани во Охрид ова лето.
За да бидете дел од овие концерти потребно е:
1.Мора да сте фан (да кликнете Like) на нашата Facebook страна.
2.Посетете го „Ohridnews.com “ и кликнете на главниот банер и ќе го добиете вашиот код за учество во наградната игра.
3.Копирајте го кодот и оставете го во коментар на статусот кој е објавен на нашата страна на Facebook заедно со вашите лични податоци.
ОВАА НАГРАДНА ИГРА ТРАЕ ДО 01.08.2012 ДО 15 ЧАСОТ.
Добитниците на наградата ќе бидат избрани по случаен избор и ќе бидат јавно објавени на Ohridnews.com и на нашата фан страна на Facebook во текот на денот, а влезниците ќе можат да ги подигнат во туристичката агенција “Вис Пој” (Здравко Чолиќ) и дирекцијата на Охридско Лето (Леб и Сол), на 01.08.2012 година во периодот за кој ќе бидат известени, со покажување на документи за лична идентификација.
Добитникот на наградата ќе биде извлечен и објавен на 01.08.2012 по 15 часот.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











