Митко Тепенчаров од населбата Вартош го фати чесниот крст што во осветените води на Охридското Езеро, вчера, на голоемиот празник Богојавление Водици, го фрли митрополитот Тимотеј.  На 36-годишниот Митко ова му е петти пат да го фати крстот за Водици, но возбудата, вели тој, е голема  како и првиот пат.

-Тајната е во вербата во бога и добрата подготвеност, истакна Митко. Радоста, тој ја сподели со најблиските во својот дом, кој беше отворен за сите добронамерници. Екипата на OhridNews ја долови радосната атмосфера во домот на Топенчарови.


OhridNews