Во Галичник завршија подготовките за јубилејната 50-та Галичка свадба, што според традиционалните обичаи од мијачкиот крај ќе се одржи денеска во ова познато печалбарско село.
Зетот и невестата се 27-годишната Даница Тортеска и 29-годишниот Трајче Лозаноски од Скопје. Тие ќе се венчаат во црквата „Св. Петар и Павле“.
Невестата и зетот ќе бидат облечени во традиционална облека, а особено фасцинантна е носијата на младата која е составена од 46 делови и тежи 25 килограми.
Како што е најавено, на јубилејната Галичка свадба ќе присуствува и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.
OhridNews
фото:ЕМИЛИО