Германската ракометна репрезентација ги запиша првите бодови на табелата во главната фаза, откако во последниот натпревар од првата рунда славеше против Белорусија со 31-23 (18-11).

„Панцирите“, во вистински момент го одиграа најдобриот натпревар на турнирот и рутински се справија со Белорусија. Победата, избраниците на Кристијан Прокоп ја најавија со убедливата игра во првиот дел во кој остварија предност од седум погодоци.

Второто полувреме беше чиста формалност и ужвивање на публиката во „Штадхале“ во мајсториите на германските ракометари.

Натпреварите во групата во Виена продолжуваат в сабота, а целиот фокус ќе биде насочен кон средбата Хрватска – Германија.

Резултати:

Хрватска – Австрија 27-23

Германија – Белорусија 31-23

Чешка – Шпанија 25-31

Табела: Шпанија 4, Хрватска 4, Германија 2, Австрија 2, Чешка 0, Белорусија 0

OhridNews