Охридска банка Сосиете Женерал изврши имплементација на меѓународниот сигурносен стандард „3D SECURE“ за безбедни интернет – плаќања на сите картички од своето портфолио. Сите издадени дебитни и кредитни Visa и Master Card картички до 24.11.2017 година ќе го добијат бесплатно и автоматски највисокиот меѓународен сигурносен стандард за заштита ‒ „ D Secure“, додека сите нови издадени картички ќе го имаат вградено.

Оваа услуга претставува дополнителна сигурност во процесот на и нтернет – купување (електронска трговија), правејќи го и нтернет – купувањето посигурно на сите локални и меѓународни веб – страници  а плаќањето со картичк ите на Банката – заштитено. „3D Secure“ нуди заштита и безбедност при онлајн – купувањето преку користење на еднократна лозинка (OTP – On e Time Password) за потврда на идентитетот на купувачот. Кога се прават плаќања на продажните места на интернет на кои е истакната ознаката Verified by Visa и/или MasterCard Secure Code, клиентите мора да го потврд ат интернет – плаќањето со еднократна та лозинка што ќе ја добијат како СМС – порака на мобилн иот телефон. Предноста на оваа технологија е потврдата на идентитетот на клиентот, со што се избегнува ризикот од кражба и злоупотреба на податоците од картичката.

„Во време на глобализација, зголему вање на обемот на интернет – трансакции и на зачестени случаи во светот на различни видови измами и злоупотреби на податоците од картичките , неопходно е да ги заштитиме своите клиенти и да им овозможиме безбедно користење на картичките на Охридска банка Сосиете Женерал при онлајн – плаќањата. Наша обврска е континуирано да создаваме најдобра услуга, креирајќи банка на иднината. Поседувањето на меѓународните сертификати „Verified by Visa“ и „Mastercard SecureCode“ и воведувањето на технологијата „3D Secure“ во сите картички од нашето портфолио е потврда за нашата посветеност, професионализмот и посебниот однос кон наш ите клиенти“, изјави Елена Глигоровска, раководител на Дирекцијата за корисничко искуство, маркетинг и комуникации на Охридска банка Сосиете Женерал.

Сите VISA и MasterCard картички издадени од Охридска банка Сосиете Женерал се автоматски регистрирани за услугата „3D Secure“ , така што не е потребна никаква дополнителна регистрација. Услугата „3D Secure“ е бесплатна за сите клиенти на Банката и е достапна на три јазици: македонски, англиски и албански.

OhridNews