Петта година по ред „Охридска банка“ ја организира неделата на солидарност – иницијатива на ниво на групацијата „Сосиете Женерал“ со која вработените, клиентите и партнерските организации на банката се обединуваат околу оската на солидарност.

Неделата на Солидарност  се одвиваше во периодот од 4-ти  до 8-ми  јуни.

„Охридска банка“ и Банка за храна Македонија под мотото „Храна за сите”, во рамки на акцијата доделија повеќе од 250 пакети со над три тони храна и средства за лична хигиена. Во акцијата активно учествуваа и вработени во Охридска банка кои донираа над 300 килограми храна и средства за лична хигиена.

Храната се дистрибуираше до учениците на Специјалното училиште за деца со посебни потреби „Св. Климент Охридски“ од општина Ново село на последниот училиштен ден, во Специјалниот Завод Демир Капија, во дневните центри на Порака во Неготино и во Волково, дневниот центар Чашка Велес, „Арт оф Ливинг“, како и до социјално загрозени семејства и граѓани во Скопје и околината.

OhridNews