Турнирот во Скопје кој се одржа од 10 до 12 март во организација на Тенискиот клуб „Академија за Тенис Крстевски“ помина во знакот на охриѓанките Ана Стојановска и Мина Петреска.

Охридските тенисерки до финалето победуваа, а во натпреварот вреден златен медал силите ги одмерија една против друга. Поуспешна беше Ана во два сетови 6-2, 6-4, но самиот пласман во финалето на двете охриѓанки го потврдува квалитетот и добриот развој.

Единствениот претставник на охридскиот тениски клуб во машка конкуренција Павел Стевковски, иако беше убедлив во првото коло, во 1/4 финалето не успеа да го совлада финалистот Громбозов, (ТК Леонтиќ), резултат 4:6, 2:6.

Во исто време на терените на тенискиот клуб ИТЦМ во Скопје, се одржа и турнирот во зелен тенис, каде единствената претставничка на ТК Охрид беше Ива Кецкарова и го освои третото место. Во 1/2 финалето Надица Китинова ја совлада Кецкарова со 4:1, 4:2, а турнирот го осови Мила Гугуческа од ТК Битола.

OhridNews