На кино репертоарот во Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид на 27 и 28 јули со почеток во 20.00 часот ќе се прикажува македонскиот филм „Максим“

Претставен во  Арт фикција со доза на црн хумор “Максим” се доживува како апстрактен  и  динамичен драма трилер прераскажан од зборовите на режисерот а воедно и  главниот лик Максим .  Филмот има три клучни локации на дејствието – Македонија, Бугарија и Индија.

Главни улоги : Кирил Трајковски, Маја Трајковска, Антонио Димитриевски, Оник Саркисјан, Пламен Славов, Иван Иванов, Васил Шишков, Иан Росарио, Александра Хонг, Љубомир Грбев и  др.

Како специјални гости во филмот се појавуваат и популарните Македонски Хип-Хопартисти : Слаткаристика и Тони Зен.
 
Филмот изработен е од Мајаки Брадерс продукција во соработка со Токсикологија  Подвижни Слики и Протеус, за монтажата се погрижи Огнен Шапковски, музиката е на Скит Скитара, анимацијата на Вања Шереметковски, а дизајнот на тимот од Вижн Мејт.

OhridNews