Синоќа во кафе бар Дак, „MoonAbove“ – Ирма Гогова (вокали) и Марио Гогов (гитара), го промовираа деби синглот „Clara“ кој веќе  се „врти“ на „youtube“ и е пуштен во дигитална продажба и тоа преку „iTunes“, „Amazon“, „Spotify“, „CDBaby“ …

Музиката, текстот и аранжманот на песната „Clara“ се на Марио Гогов, студент на ФМУ Скопје. Инаку, оригинално песната е напишана во2016 год и победи на конкурсот од гимназија за најдобра авторска песна. Марио компонира и пишува музика, како и текстови за песни кои допрва ке ги обработува и објавува.

Ирма се подготвува за приемен испит на ФЛУ, а позната е како првиот Охридски Супер Стар (победник на талент шоуто). Има настапувано на многу концерти и натпревари. Досега со Марио објавуваа обработени кавери, но како „MoonAbove“ и со „Clara“ го започнуваат остварувањето на желбата да свират и пеат авторски песни.

„MoonAbove“ сакаат и јавно да ја искажат нивната голема благодарност до продуцентот Димче Китрозоски кој ги охрабри и им помогна во создавањето на песната, на како што го нарекуваат „the best pianist“ Давид Скерлевски (клавијатура) на најдобриот визуелен артист /аниматор Александар Илиевски за видеото, и секако на „Дак кафе“ за можноста тука да го промовираат деби синглот.

На охридската промоција во „Дак“, заедно со Димитри Атанасов (клавијатури) и Филип Блажески (перкусии), талентираните музичари Ирма и Марио, направија одлична „свирка“, а каква беше атмосферата, погледнете ја фото галеријата:

Фото: Анамарија Момироска