Авторот, со оваа книга, одбележува 40 години журналистичка дејност. Работел во многу медиуми, во сите новинарски жанрови. Бил директор на „Радио Охрид”, главен и одговорен уредник на „Езерски Глас”, новинар во „Вечер”, Танјуг, МИА. Во 1993 година го осниваше „Супер Радио”, го помогна отворањето на радиото за македонците од Мала Преспа, Албанија. Беше соосновач на магазинот „Интервју”, на Инпрес….
„Рани спомени” од Веле Митаноски излезе неодамна, во издание на книгоиздателството “Макавеј”, од Скопје. На близу 600 страници, книгата донесува автентични сведочење за последните македонски 20 години: политичка и медиумска плурализација, сопственичка трансформација, долга и мачна транзиција. Митаноски е сведок и хроничар на случувањата во Вевчани и македонската демократска пролет, на случајот Студенчица, на падот на комунистичката диктатура во Албанија, на 2001-та и подготвувањето на Охридскиот рамковен договор.