Лебедите се едни од најпрепознатливите жители на Охридското Езеро и вистински симбол на неговата убавина. Со својата елеганција, тие му даваат посебен шарм на ова древно природно богатство.
Деновиве, објективот на нашиот фотограф улови прекрасен момент – пар лебеди во тивка прошетка по езерската површина. Лизгајќи се по мирната вода, тие создадоа сцена што потсетува колку природата знае да биде едноставна, а истовремено величествена.
Овие птици не се само украс, туку и показател за чистотата и животот на Езерото, кое секојдневно ги одушевува и жителите и посетителите на Охрид. Малите моменти како овој нè потсетуваат зошто Охридското Езеро е едно од највредните природни богатства во Македонија.
Фото: Анамарија Момироска












