Охридските ракометни екипите имаа жетва на трофеи на турнирот кој вчера се одржа во Гостивар во организација на Ракометниот клуб Јехона.

Женскиот ракометен клуб Лихнид одличја освои во две категории. „Китовите“, триумфираа во 2006/07 година додека втори финишираа во 2004/05 година.

Тимот на Седмерец прв мина низ целта во 2008/09 година, а Охрид со бронзен медал се закити во ракометари родени 2006/07 година.

Со успешно учество на турнирот во Гостивар, охридските клубови ја спуштија завесата на ракометните возбудувања во Охрид.

OhridNews