Со промоција на книга, музички перформанс и вино утре напладне, во 12 часот, НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи Свети Трифун, празникот на виното и лозјето и Свети Валентин празникот на вљубените. Православната црква го слави и Свети Валентин, но не на 14 февруари, туку на 19 јули и на 12 август.

По тој повод во Библиотеката музички перформанс на гитара ќе изведе познатиот охридски и македонски гитарист Мартин Милески, а ќе биде промовирана и 121 книга од Академик д-р Миле Миќуновиќ со наслов: „Љубов – извор на здравје и среќа“, потенцираат.
Д-р Миќуновиќ во книга се задржува на: полот во човечкото oпштество; сексуалните проблеми во развојот на човекот; функции на полот кај човекот; прокреативната функција на полот; рекреативната функција на полот; љубовта е потреба; заљубеност; цврстата прегратка ја задушува љубовта; сексуално среќна жена; љубов на интернет; очите го гледаат она што тие го сакаат; намалена сексуална желба, главата ме боли; телесна привлечност; сочен бакнеж; сексуални работнички; вистинска страст; верен маж; моќта е сексуално привлечна; зошто нижиме рецки; љубовни смс пораки; малите тајни ја чуваат врската; предигра не е неопходна; в кревет со помлад; секс со пријател; зошто мажите купуваат секс; прељуба; љубовен прав; темел на љубовта; страст во зрели години; што поспоро тоа подобро; љубовта не е секс; сексот не е натпревар; повеќе тестостерон; фалбаџии; за среќа е потребен секс; помалку секс не значи повеќе памет; нови мажи; секс во бројки и половиот однос лек за телото и душата.
Авторот во заклучокот вели дека е љубовта извор на здравје и среќа.
OhridNews













