Во организација на Библиотекарското здружение на Македонија (БЗМ) денес во 12 часот во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“.

Според пријавите за престижната титула „Млади библиотекари на годината“ ќе се натпреваруваат 20 ученици од цела држава кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар, информираат од Библиотеката.

Додаваат дека Охрид ќе го претставува Марија Ѓиноска, ученичка во деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти под менторство на наставничката по македонски јазик Снежана Стојаноска.

Во Охрид покрај натпреварувачите доаѓаат и нивните ментори како и дел од директорите на Националните и Локалните библиотеки, а најавено е и присуството на Јелисавета Костадинова, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

OhridNdews