НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на годишната програма за работа од понеделникот, 3 јули, започна да го спроведува завршниот десетдневен дел од проектот „Книгата најдобар другар на децата“.
Со помош на педагози и наставници од општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“, „Братство – Единство“ и „Григор Прличев“ одбравме дваесеттина деца кои од септември ќе се во петто одделение. Тие во Библиотеката и надвор од неа заедно со нашите колешки се дружат и запознаваат и со нивна помош ќе навлезат во светот на книгата, токму на нејзиниот извор – Библиотеката, велат во соопштението од охридската Библиотека.

Предмет на проектот се едукативни книги (енциклопедии), книги со висококвалитетна содржина и привлечни слики. Целта на проектот е доближување и имплементација на книгата како извор на информација со која децата можат да се здобијат со знаења од областа на науката, техниката, астрономијата, природата и слично. За време на часовите децата ќе може да го искористат својот талент за пишување и цртање.
Проектот е одобрен од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
OhridNews


















