Охридската библиотека заедно со педесеттина децата на возраст меѓу пет и шест години од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – објект централна предводени од воспитните тимови Ружица Томоска, Габи Дејкоска, Зорка Димоска, Весе Блажеска, Катарина Довлева го одбележаа Светскиот ден на литертурата за деца.
Ги исклучивме компјутерите во Библиотеката и за миг, заедно со дечињата се најдовме во светот на книгата. Така на еден убав и непосреден начин го одбележавме Светскиот ден на литературата за деца, но и денот на шегата Први април. На радоста им немаше крај. Низ полиците преполни со книги малите гостинчиња ги водеа колегите Весна Симоноска и Коста Трифуноски. Посебна возбуда за нив претставуваше посетата на одделението со книги за нивна возраст. Бевме токму на изворот меѓу бајките и приказните, велат од Библиотеката.
Втори април, вусшност е роденденот на Ханс Кристијан Андерсен (1805-1875), прочуениот дански автор, познат по делата „Грдото пајче“, „Малата сирена“, „Девојчето со кибритчиња“ и многу други.

Читајте им на децата уште од најмала возраст. Не дозволувајте да пораснат само пред паметните телефони, таблетите, компјутерите… Тоа е најмалку што можете да направите за поквалитетна иднина на вашето дете, порачуваат од Библиотеката.
OhridNews












