НУ.библиотека  „ Григор Прличев“ го збогати книжниот фонд со повеќе нови наслови: “Поглед во светлината“ од Михаел Лајтман, “Девојката која ја бркаше месечината“ од Сара Адисон Ален, “Портоевата болка“ од Филип Рот, “Спас“ од Исидора Бјелица, “Нешто Сино“ од Емили Грифин, “Надежна сопруга“од Роберт Гулрик, “Јадица“ од Владимир Плавевски, “Клубот Билдерберг“ од Даниел Естулин и многу други.

Покрај наведените наслови, набавени се и поголем број киниги наменети за детското одделение- за основци и тинејџери, како и сликовници за најмладата популација. Книгите се набавени со финансиска поддршка на Министерството за Култура на РМ, во рамки на пороектот “Збогатување на книжниот фонд“.

Неодамна библиотеката доби повеќе наслови од едицијата “Звезди на светската книжевност“ кои за библиотеката се донација од Владата на Република Македонија , а покрај тоа доби наслови од едицијата “Нобеловци“- исто така донација од Влада на Република Македонија.

OhridNews