На 5 март годинава охридската Гимназија беше домаќин на прелиминарната рунда натпревари HIPPO, организиран од страна на Global Input & Global HIPPO Association.HIPPO е натпревар по знаење на англиски јазик во различни категории според возраста на учесниците, а годинава триесетина талентирани гимназијалци зедоа учество.

Најдобро рангираните ќе го продолжат натпреварувањето на 2 април во Скопје, а финалниот натпревар ќе се одржи на 14 и 15 мај во Лидо ди Јесоло, Италија. Охридската гимназија веќе била финалист на ова престижно натпреварување пред две години, кога Мартин Мурговски се пласира во најдобрите 15 учесници во конкуренција од натпреварувачи од Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија, Црна Гора, Србија и Словенија.

„Глобал HIPPO“ е доброволно и непрофитно здружение кое преку организирање на вакви натпревари ја подигнува јазичната свест и значењето на изучувањето на странските јазици.

OhridNews