Со свечена приредба, вчеравечер Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник. На свеченоста се обрати претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.
-Великиот светител и просветител Свети Климент Охридски, чие име гордо го носи Вашата гимназија не обврзува сите нас постојано да се навраќаме на неговото дело кое со векови било и сега е инспирација за негување и унапредување на нашиот културен и духовен идентитет. Тоа не прави препознатливи во општоцивилизациските светски вредности, зошто благодарение на основачот на првиот сесловенски универзитет, првиот епископ на славната Охридската архиепископија, Свети Климент Охридски, токму од овој древен град почна ширењето на писменоста и културата во земјите на православието, рече во своето обраќање Коњаноска.
По повод одбележувањето на патрониот празник, свечена приредба одржа и основното училиште „ Св. Климент Охридски“.
OhridNews
















