Од синдикалната организација при ОСУ „ Св.Климент Охридски“ , информираат дека на одржан состанок донесена е  одлука според која од 2- ри февруари, понеделник, вработените во учлиштето се приклучуваат кон Генералниот штрајк во образованието во организација на СОНК.

Од синдикалната организација на охридската гимназија информираат дека за таа цел е формиран штрајкувачки одбор кој до директорот доставил  известиување со барање да се обезбедат соодветни услови за остварување на правото на штрајк на вработените.