Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести, во соработка со Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ зеде учество во активностите со кои се одбележа денот под мотото „Придружете ни се за да се слушне гласот на ретките болести“.
Активностите беа насоченик кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот за помош и поддршка на истите.
Во рамките на тоа учениците зедоа учество во атлетскиот крос што се одржа по кејот на Охридскиото езеро, како и учество во искачувањето на врвот Магаро на Галичица за испраќање на пораката „Прегратки за реткоста“ кон оние кои се соочуваат со ретките болести.
OhridNews