Децата од петте објекти-детски градинки зедоа активно учество во планираните активности .
Во објектот-детска градинка ,,Централна“, се реализира активноста ,,Чиста животна средина“, во објектот-детска градинка ,,Билјана“ активноста ,,Засадување на цвеќиња и дрвца во градината од детската градинка“, во објектот-детска градинка ,,Лихнида“се реализира активноста ,,Возиме велосипед-за почист град“, во ,,Развигорче“ активноста ,,Млади модни –еко креатори“ и во градинката ,,Росица“ активноста ,,Рециклирање на хартија и изработка на модели (светови, животни и сл) од пластични шишиња“.