Охридскиот хардкор-метал состав, „Хардфејсд“, заминува на европска турнеја по повод десетгодишнината од нивното делување како бенд.

Двонеделната турнеја започнува овој вторник од Куманово и ќе мине низ седум држави меѓу кои Србија, Хрватска, Словенија, Германија, Чешка и Унгарија.

Инаку, „Хардфејсд“ постојат од 2004-та година. Имаат издадено два албуми, учестувале на неколку балкански и светски компилации и имаат исвирено над 100 концерти. Моментално го привршуваат својот трет албум во „Кречо саунд“ студиото во Охрид.

OhridNews