Контрола на пловните објекти на Тиквешко Езеро, најави  капетанот на Капетанијата на пристаништа Охрид, Горан Устијаноски, на денешната трибина во Кавадарци, јавува „МИА“.

Како што тој потенцира, инспекторите ќе вршат контрола и ќе им улажат на рекреативците за недостатоците кои не можат да ги видат на своите пловни објекти.

„Не сме дојдени за да казнуваме и да собираме пари по основ на регистрација на пловни објекти и слично. Вршејќи контрола, нашите инспектори ќе ги упатат сите рекреативци на недостатоците кои не можат да ги видат. Капетанијата и наутичарите не се чувари и крадци. Никој од нас не треба да чувствува страв, ами почит зашто тоа значи почит кон сопствената држава. А тој е направен за безбедноста на сите и околината. За најдрските и најекстремните прекршоци  ќе има казни.“ – рече Устијаноски

OhridNews

извор:„МИА“