Охриѓанката Ангелина Симиџиоска се искачи на првото место на пиедесталот, победувајќи во дисциплината Ката на 53-то Државно првенство во традиоцинално карате, кое вчера се одржа во Скопје.

Симиџиоска од Карате клубот „Фудошин“ од Охрид триумфираше во возрасната категорија 2008/2009, покажувајќи брилијатна техника и извондреден квалитет.

Победата и титулата државен шампион на Симиџиоска ќе и послужат како мотивација за претстојните подготовки за Државното првенство во кихон и кумите, кое ќе се одржи на 4 април.

OhridNews