Успешно реализирана уште една еколошка акција на здружението „Енхелеус Лихнид“ во најголемиот парк во Охрид, местото кај поранешната охридска касарна.

Мисијата да ова култно место кое за жал останало на забот на времето го претвориме во место за уживање и место кое ќе шири култура полека станува успешна, велат од здружението.

Заедно со активисти од Еколошко друштво „Грашница“, „Чист Охрид“, Ј.П. „Охридски Комуналец“ „Културолошка иницијатива 5 до 12“ , Kasarna Hub и највредните ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ исчистен е просторот околу касарната и амфитеатарот кој сега може повторно да се стави во функција за културни активности, додаваат.

Со ваквите акции ги поттикнуваме и останатите да се приклучат кон еко-акциите или оние кои не можат да присуствуваат можат да донираат средства преку онлајн – платформата https://ecrowd.mk/…/773b3380-124f-4920-8151-c7d5c005076f. Средствата ќе бидат искористени за касарната да ја вратиме во комплетен сјај, потенцираат од здружението.

OhridNews