Ниту сребрениот јубилеј 25 издание на Охридскиот пливачки маратон не успеа да ги обедини сите чинители кои се дел од најголемата спортска манифестација во Македонија. Постојаните препукувања на релација Охрид – Скопје, локална – државна власт повторно се актуелизираат и тоа на месец дена пред одржувањето на маратонот кој годинава е закажан за 14 август.


Охриѓани добиле јасна порака дека во касата на пливачката федерација нема пари за годишненото издание на Охридскиот Пливачкиот маратон. Како што дознаваме не само што уште не се префрлени средства на техничкиот организатор, пливачкиот клуб Охридски бранови 2008 за започнување на подговтовките, туку охриѓани уште имаат долг во висина од околу 5 илјади евра на име неисплатени средства за техничка организација од минатите изданија на маратонот.

– Од потребните пари за организација засега нема ни денар. Немаме добиено ништо од потребните 15 илјади евра. Секоја година има големи проблеми, но како годинава не било. Секоја година остануваме „кратки“ за одредени суми, а потоа треба да се снаоѓаме и да ги обезбедуваме. Засега тоа како-така функционираше. Но еднаш ќе пукне – велат техничките организатори, кои се категорични дека доколку не легнат средствата на време нема да го организраат маратонот.


Од Пливачката федерација на Македонија тврдат дека безпотребно постојано се зборувало само за финасиите.  Буџетот од година во година е се помал но пари за организирање на Охридскот маратон секогаш се обезбедувале.

-Подготовките се во тек без поголеми проблеми. Веќе имаме 12 пливачи пријавени. Не очекувам ништо драматично, ништо страшно. Наместо да се замараме со проблеми треба да се сконцентрираме кон промоција на маратонот, вели Пулејкоски кој напомена дека  техничките организатори можеле лесно да се заменат.


Охридскиот градоначалник Алексaндар Петрески, рутниски “топката“ ја префла во државниот двор од каде очекува да си се погрижат за манифестацијата на која тие се покровители.

– Се што е на ниво на држава за организирање си има државни органи. Тука е покровителот претседателот Иванов, има Агенција за спорт и млади, разни министерства. Јас нема воопшто да им пречам во реализација на нивните работи но при разни опструкции кои ни ги прават ние ниту сакаме ниту сме во можност да трошиме средства за манифестации на државно ниво – потенцираше е Петрески, кој пред неколку години најавуваше дека Охрид ќе ја преземе организацијата, а на маратонците им ветуваше далеку поголем награден фонд.

Охридскиот пливачки маратон повторно станува поле за политчки натпревар меѓу народите. Се додека и едните и другите не си погледнат “очи в очи“ и седнат на зедничка маса да ги разрешат дилемите охридската пливачка приказна ќе има тажен крај.

Но нека не гледаат многу далеку, нека не ги бараат златните времиња туку нека се сетат дека само пред десетина дена 70 годишниот Мајкл Рид го преплива Охридското Езеро, покажувајќи им на сите дека секоја приказна може да има среќен крај.

М.П.