
На саемот во Белград и годинава ќе се одржи традиционалната „Македонска вечер“ на која ќе бидат претставени македонските национални јадења и вина. На Македонската вечер ќе настапат и КУД „Отекс“ од Охрид и староградскиот охридски оркестар, а две екипи од Македонија ќе земат учество на првиот балкански гастрономски натпревар.
На Меѓународниот туристички саем во Белград што ќе се одржи од 28 февруари до 2 март годинава, нема да се повтори скандалот со името на Македонија поради кој штандот на Македонија на неодамнешниот саем во Софија беше затворен, соопшти хотелската асоцијација на Македонија.
ohridnews












