Нов викенд стари вести во билтенот на охридската полиција. Тепачки и тепачи на секој агол, во град, село, на улица… насилство, до насилство.

Во СВР Охрид вчера во 11.45 часот било пријавено дека во село Горно Лакочереј, охридско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу син (35) и татко (60) од една страна и соселанец (57) од друга страна.

Полицијата евидентирала уште две нарушувања на јавниот ред и мир со физички пресметки.

Во 20.50 часот 47-годишен охриѓанец  од Охрид бил физички нападнат од две лица од Охрид. Во друг случај, пак, 31-годишен охриѓанец пријавил дека во близина на бензинска станица во Охрид бил физички нападнат од сограѓанин.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопшти полицијата.

OhridNews