
Социјалдемократите за денеска најавија прес конференција на која како што ни најавија ќе бидат изнесени аргументи за работењето на општината и јавните претпријатија на чие чело се кадри од партијата и коалицијата ЗА Македонија заедно.
Неодмна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Бичиклиски го прозва директорот на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчески дека како координатор на изборниот штаб на СДСМ во 5-та ИЕ, врши злоупотреба на функцијата со вработување на 180 партиски членови. Трпчески ги демантитараше ваквите обвинувања како неосносвани и обид за дефокусирање на јавноста од вистинскиот проблеми како што е изградбата на водоснабдителниот систем за Охрид и Струга во времето на ВМРО ДПМНЕ, кој според директорот на „Проаква“ е промашена инвестиција од 9 милиони евра.
Изброната трка започна.
ohridnews











