Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во која стандардно настапуваат четвротица играчи кои потекнуваат од фудбалската школа “Еврофудбал“ од Охрид, постигна одлични резултати на две средби што ги играше против соодветната репрезентацијата на Унграија во гости.


Во првиот натпревар одигран завчера во одлична игра македонските надежи ремизираа против Унгарија играјќи 1-1. Подобриот квалитет го искажаа на вчерашниот натпревар совладувајќи го домаќинот со 3-1. Двата натпревари се играа во главниот град на Унгарија, Будимпешта.


Во репрезентацијата на Македонија до 16 години настапија играчите од школата на Еврофудбал голманот Боби Целески, одбранбените фудбалери Иво Наумоски, Иван Георгиевски, како и Валентин Кочоски кој кариерата ја започна во Еврофудбал а сега е дел од Академија Пандев.


Фудбалската школа “Еврофудбал“ од Охрид е вистински расадник на квалитетни фудбалери на што говори фактот дека од тука потекнуваат повеќемина репрезентативци во младите категории кои настапуваат во младите селекции на Македонија.

Ohridnews