Охридската стрелачка Јована Милевска се закити со сребрениот медал на турнирот Македонија Опен кој по 29-ти се одржа на стрелиштето „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Милевска на втората позиција финишираше во апсолутна катетегорија на 40 дијаболи, со резултат 412,1 кругови. Охриѓанката заостана само 1,3 круг од првопласираната Ана Ивановска од Битола. Јуниорот Бојан Спасеновски заврши на четвртата позиција со резултат од 401,2 кругови.

Годинава турнирот во Прилеп поради пандемијата на коронавирусот изостанаа најдобрите стрелци од Балканот и учествуваат најдобрите стрелци од Македонија.

 

OhridNews