Охридската тенисерка Ана Стојановска се закити со титулата шампионка на Македонија, откако триумфираше на Државното првенство кое се одржа минатиот викенд во Скопје.

Стојановска со освојувањето на титулата без изгубен сет на турнир ја круниса охридската доминација во женска конкуренција до 12 години. Од четири учеснички во полуфиналето три доаѓаат од охридскиот клуб. Дел од полуфиналето беа Матеја Билбилоска и Мина Петреска, додека Ива Кецкарова настапите ги заврши во 1/4 финалето.

Помеѓу момчињата Павел Стевковски, по две победи, стигна само до 1/4 финале. Кај јуниорите, државен првак до 12 год. е Амар Хусеиновиќ од МТП Скопје.

Учеството на Државното првенство беше последно за охридските тенисери до 12 години и тие се одат ранг погоре односно ќе се натпреваруваат до У14.

OhridNews