Општинскиот комитет на ВМРО Народна партија од Охрид му дава безрезервна поддршка на кандидатот за претседател Љубе Бошкоски, изјави денеска на средбата со новинарите претседателот на охридскиот огранок, Ванчо Костоски.

– Имаме голем број кандитати за градоначалници како и за советнички листи но не се одлучивме да истрачаме со сопствен кандидат на претседателските избори, откако беше истакната кандидатитурата на Љубе Бошкоски. ВМРО НП цврсто стои зад независниот кандидат – рече Костоски

Тој денеска упати и серија критики кон влчадејачката ВМРО ДПМНЕ на која и забележа дека се фали со туѓи успеси.

-Се согласуваме со ДПМНЕ дека во периодот од 1998 до 2002 се направени најголемиот дел од капиталните објекти како што се “Плаошник“, “Античкиот Театар“, магистралниот пат Охрид – Синдикални, илуминацијата на Самоиловата тврдина, санацијата на стариот чинар. Само ги потестуваме колегите во центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ дека во периодот на изградба на сите овие капитални објекти на власт беше владата предводена од Љубчо Георгиевски , сега лидер на ВМРО НП. Не е ни чудо што тоа не знаат бидјќи многумина од нив не ни беа во ДПМНЕ во тој период – истакна Костоски.

Се што е добро ние го подржуваме па така среќни сме на изградбата на “Заливот на коските“ , но тоа е само 5 % во споредба со она што владата на Георгиевски го направи за Охрид. Пратениците на ДПМНЕ од Охрид кои како никогаш досега се најбројни во парламентот не успеаа да донесат ниту една покрупна инвестиција во Охрид. – обвини Костоски.

Ohridnews