Атлетичарот на Охрид, Јован Стојоски имаше брилијантен настап на контролниот митинг за сениори кој се одржа во склоп на Купот на Белград за јуниори кои настапуваат во двете конкуренции победувајќи на 200 и 400 метри.

Стојоски, победата на 200 метри ја зачини со нов државен рекорд. Тој делницата од 200 метри ја истрча за 21 секунда и 40 стотинки и го поправи рекордот (21.65) кој беше сопственост на Ристе Пандев. Добрата форма, Стојоски, ја преточи во триумф и на 400 метри.

Со резултатите остварени на контролниот митинг во Белград,  Стојоски обезбеди норма за учество на Европското првенство и покажа зошто се вбројува помеѓу најдобрите македонски атлетичари.

OhridNews