ЈП Охридски Комуналец алармира дека во градот посебно во централното градско подрачје повторно е забележано присуство на поголем број кучиња скитници кои, најверојатно се донесени и пуштени во нашиот град од страна на непознати лица, односно донесени се од други градови.
Стручните служби при ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид за проблемот го известија економскиот оператор со кој јавното претпријатие има склучено Договор за набавка на ветеринарни услуги и од страна на истиот се преземаат активности за заловување и хуман третман на кучињата скитници, велат од претпријатието.

Од друга страна, волонтери, љубители и активисти за правата на животните, велат дека утрово на потегот кон Горица 1 во Охрид бездомни кучиња биле ловени и ставани во кафези во комбе од страна на екипи за кои се сомневаат дека се ангажирани од ЈП Охридски Комуналец, со цел да бидат однесени на депонијата Буково или на некое друго место. Велат ваквиот начин воопшто не е хуман, со оглед на фактот дека во Општина Охрид нема прифатилиште, а проблемот со бездомни кучиња се решава со помош на заловување и стерилизирање, по што тие се враќаат на место каде биде заловени.
OhridNews
фото. Архива












