Во пресрет на празникот Илинден и традиционално зголемениот број посетителина Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со максимален ангажман за одржување на јавната хигиена и зеленилото во градот и околината.

Во рамки на активностите се уредуваат местата каде ќе се реализира богатата празнична програма, селото Рамне, Прентов Мост, Велгошти, вклучувајќи го речното корито, црквата „Свети Илија“ и централниот дел на селото, како и селата Плаќе и Елшани.

Дежурните служби се присутни од раните утрински часови на сите фреквентни места во централното градско подрачје каде во шпицот на туристичката сезона, на разни локации во градот се одржуваат разни музички, културни и други збиднувања и се подигнуваат огромни количини ситен расфрлан отпад (лименки, пластични шишиња и др.), посочуваат.

Воедно, велат, ангажирани се и машините за метење на улиците во поширокото подрачје на Општина Охрид, за одржување на јавната чистота на максимално ниво.

OhridNews