Со координирани активности на сите служби j7авното претпријати „Охридски Комуналец“ започна со расчистување и уредување на повеќе локации во градот и околината.
По назначувањето на новиот в.д. Директор на Ј.П. „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски одржан е работен состанок со оперативните служби, дефинирана е динамиката и распоредот за справување со дивите депонии на повеќе локации и се пристапи кон нивно расчистување, информираат од јавното претпријатие.
-Констатирана е состојбата на повеќе микро локации и црни точки каде несовесни граѓани во континуитет несоодветно депонираат отпад и шут. Денес се расчистуваа дивите депонии во населбата „Христо Узунов“ , ул.„Богомилска“ и ул. „Димитар Влахов“, известуваат од ЈП Охридски Комуналец.
Акциите за расчистување на дивите депонии ќе се одвиваат со засилено темпо и во текот на утрешниот ден и следната седмица. Од претпријатие упатуваат апел до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрав и чиста животна средина, најавуваат од Комуналец.
OhridNews














