Во организација на Младинскиот културен центар-Охрид во соработка со Европската асоцијација на фестивали, деновиве во Охрид се одржува манифестацијата „Охридски летни фестивалски денови“.

Во рамките на манифестацијата, денеска, во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се одржи Вториот меѓународен охридски летен хорски фестивал. На фестивалот учество ќе земат хорови од Чешка, Шведска, Бугарија, Србија, Словенија и Македонија.

Љубителите на хорската музика ќе имаат можност да уживаат во прекрасните изведби на учесниците на фестивалот од 21ч.

Влезот е слободен.

OhridNews