Групата Рибља чорба, Тони Зен, Партибрејкерс- се дел од музичарите кои ќе настапат во текот на четирите вечери од овогодинешното, второ по ред, издание на Пиво фест, кој од 28- ми до 31- ви јули, ќе се одржи во Охрид.

Овогодинешното издание на „Пиво Фест“ ќе трае една вечер подолго, односно 4 ноќи кои ќе бидат збогатени со врвна програма и нови екслузивни гости, најавуваат организаторите кои потенцираат дека годинава понудата и изборот на пивски брендови да биде далеку поголема од минатогодишната.
 
Пиво фест 2011 се очекува да го посетат над 120.000 посетители, кои ќе имаат можност да уживаат во настапите на повеќе од 30 учесници во музичката програма, кои се внимателно избрани за да одговорат на вкусовите на широк круг публика.

Организатори на настанот се Герила маркет и општина Охрид.

OhridNews