Најголемата спортска манифестација кај нас Охридскиот пливачки маратон – ОПМ,  кој од оваа година е во серијата Гран При (Grand Prix) на ФИНА,  годинава ќе се одржи по 21 пат.

Традиционално утре ќе се плива на патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид во должина од 30 километри.

Покровител на маратонот е претседателот на државата Бранко Црвенковски, а организатор Пливачката Федерација на Македонија и ПК „Зора Охридски бранови“од Охрид.

Учесниците меѓу кои најзвучното име е повеќекратниот победник Петар Стојчев денеска ќе бидат примени од градоначалникот на Охрид, по што ќе биде одржана прес конференција.

Г. М.