Освен делегатите од Охрид, на собранието присуствуваа и делегати од Ресен, Битола, Струмица, Кичево и Скопје. При тоа, избрано е ново раководство. За претседател избран е Нешад Аземовски од Битола, а потпретседател Вахид Мемед од Охрид.
Тие и останатите членови на претседателството треба да се соочат со предизвикот на пописот на населението во Република Македонија во април оваа година, потенцираат од здружението .
На годишното собрание усвоени се и програмските определби за 2011, приоритети и финансиски план. Донесена е и одлука за промена на името во Здружение на Балканските Египќани во Република Македонија.