Храбрите, хумани охриѓани, љубители на планината и природата ја искористија денешната единствена можност да се ГУШКААТ НА ГАЛИЧИЦА на 2255 мнв и да потсетат на лицата со ретки болести.
Во организација на Црвен крст Охрид и Здржението за велосипедизам, планинарење и еко култура З’Ш, предводени од членовите на Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, во прекрасни временски услови, преку педесет охриѓани од најразлична возраст, ги хранеа сите свои сетила со чист планински воздух и воодушевувачки глетки на Охридското и Преспанското Езеро и околните планински масиви.
Многумина од учесниците за прв пат се соочија со предизвикот да се искачат на највисокиот врв на планината Галичица (Магаро 2255 мнв), а секако, со својата храброст, издржливост и упорност да стигнат до највисоката точка на Галичица, беа 6 годишните Миахела, Олег и Евгениј. Токму затоа и посебно силна и сочувствителна е пораката пренесена преку овие „ПРЕГРАТКИ ЗА РЕТКОСТА“ упатена кон сите оние кои се соочуваат со секојдневните предизвици на ретките болести.
Поддршка за лицата со ретки болести од врвот на Галичица
OhridNews