Добрата работа во младинските категории во Ракометниот клуб Охрид вродува со плод, откако Намик Осман својата професионална кариера ќе ја продолжи во Турција.

18-годишниот ракометар кој игра на левата крилна позиција ќе игра во екипата Селка Ескишехир Хентбол за која настапува стружанецот Никола Костески. Осман ги помина сите категории во РК Охрид, а последната сезона беше дел од скопски Пролет.

Осман ќе тренира со првата екипа, а право за настап ќе има за младата и сениорската екипа. Дел од играчите во неговата генерација која се пласираше на Ф4 турнирот во кадетска конкуренција играат за сениорската екипа, а него патот го одведе во Турција.

OhridNews