Како што истакна Виолета Симјановска од Центарот за изведувачки уметности „Мултимедија“ кој е еден од организаторите на проектот, целта е да се изготват стратешки планови за културен развој на градовите и да се подобри нивната културна понуда
– Во проектот се вклучени претставници од локалните самуправи, невладиниот сектор, како и од локалните културни институции. Ние практично ги помагаме општините преку преку истражување на постоечките локални културни ресурси, да изготват стратешки планови за културен развој, рече Симјановска.
Во проектот се вклучени општините Тетово, Гостивар и Кичево од Македонија, како и Гнилане, Призрен и Ново Брдо од Косово.