Охридскиот архив започнува со дигитализација на фондот на фестивалот „Струшки вечери на поезијата” со гранични години 1963-1990, со 50 архивски кутии.

Со овој проект преку дигитализација трајно би се заокружила и зачувала досегашната светска традиција на СВП, велат од Охридскиот архив.

Додаваат дека дигитализацијата се реализира врз основа на Меморандумот потпишан од страна на Државниот архив и Струшки вечери на поезијата, а со огромна поддршка од директорот Емил Крстески и раководството на Архивот.

Проектот е во целост во рамки на Државниот архив и подрачното одделение Охрид при што на дигитализација работат архивистите Викторија Костоска, Елизабета Јованоска, Едис Абди, Мартин Ристески и Сеадете Османи.

OhridNews