Фотографии и видеа, дел од прекрасното творештво на Горан Пржин, предадени во Охридскиот архив.
Станува збор за фотографии и видеа кои датираат од дваесет па и повеќе години наназад и од понов период, а кои сведочат за нашиот град Охрид, каков што можеби и не го знаат помладите генерации. Често знае да се каже „Вистинската фотографијата е момент на вистината”. Овој гест е значаен за сите нас, велат од Охридскиот архив.
Воедно додаваат дека Архивот е отворен за соработка со секој кој поседува постари фотографии или видеа од градот, а истите сака да бидат зачувани во оваа институција и да бидат сведок за некое време.
OhridNews












