Охридскиот атлетичар Селман Реџеп на ЕП во Англија
28.02.07 10:41
Охридскиот атлетичар Селман Реџеп денеска ќе допатува во Бирмингем Англија каде од втори до четврти март ќе учествува на 29-то ЕП во сала. Тој ќе настапи на отворањето на шампионатот во дисциплината трискок.
Големиот талент на македонската атлетика, поранешниот член на Атлетскиот клуб „Охрид“ Селман Реџеп веќе шест месеци се наоѓа во Германија каде под водство на Андреас Генц тренира трискок во АК „Келн“.
Реџеп во Бирмингем допатува со прескокнати 14,38 м од митингот во Дортмунд на 27 јануари. Негов најдобар резултат во оваа дисциплина е 14,72 м.
Селман Реџеп на двапати го освојуваше признанието „Спортист на Охрид“. Носител е на осмодекемвриската повелба “Св. Климент Охридски“.
Во силната трискок конкуренција во Бирмингем со најдобар резултат сезонава допатува Швеѓанецот Кристијан Олсон 17,44. Меѓу него Британецот Нејтан Даглас , Португалецот Нелсон Ивора и Русите Александар Петренко и Александар Сергеев ќе се бараат носителите на медалите.
Покрај Селман Реџеп во Бирмингем Македонија ќе ја представува и Далибор Спасовски кој ќе настапи на 400 метри.
ГРК Охрид во рамки на Купот на Македонија во групата В во петок се среќава со екипата на ГРК Тиквеш 2014 Овој викенд ги играме натпреварите од групната фаза на Купот на Македонија Одиме натпревар п...
Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на IHF Men’s Junior (U21) World Champions...
По повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, денеска во Велгошти се одржа „Спортски ден“ во организација на ООУ„Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.