Охридскиот атлетскиот митинг кој в година ќе го има второто изадние ќе се одржи на 29 Јуни наредната година.  Датумот е договороен во соработка со ЕАА (Европската атетлска асоцијација) на ноодамна одржаната календарска конфернција во Белград.


За разлика од премиерниот митинг, кој се одржа во средината на мај,  наредниот е поместен за крајот од Јуни. Директорот на атлетскиот митинг, Иван Цветкоски  вели дека поместувањето на терминот доаѓа како резултат и консултациите со организаторите на митинзите од ваков тип во нашето опкружување.

По разговорите со ЕАА, и предложениот календар вооочивме дека поголемите ателтски минитзи на Балканот се кон крајот на месец Јуни, па ние одлучивме да го пикираме овај датум. Спојувањето на овај митинг со другите минтинизи од нашето опкуржување е со цел да се подгине квалитетот на натпреварувачи на самиот митинг – вели Цветкоски.


Охриѓани ќе се обидат во соработка со Софискиот и Белградскиот митинг да ги првилечат звучните атетлски имиња да дојдат во Охрид со што би се зголемила и конкуренцијата која ќе даде подобри резултати. – Многу полесно за нас ќе биде да ги привлечеме ателтичарите кои ќе се натправаруваат на митинзите кај нашите соседи, следствено ќе се намалат патните трошкови , како и хонорарите за нивните учества – смета Цветкоски.


Организаторите поучени од дебитанското искуство сметаат оти Јуни како месец во кој започнува летната туристичката сезона , ќе биде поатрактивен како за привлекување на спонзорствата така и за публиката која ќе може да присуствува на “Билјанини Извори“ а исто така ќе подобри и туристичката понуда на градот. На состанокот во Белград, Охридскиот Атлетски Митнг се здоби со ново признание.

Охридскиот Атлетски Митинг доби признание од ЕАА и за една година се искачивме на едно повисоко скалило во рангирањето, па така од нацаионален постанува “регионален“ митниг, што секако за нас преставува поголем поттик за докажување и организирање на уште подобар митинг – истакна Цветкоски.


Добивањето на “регионалниот“ предзнак е вториот чекор кон постигнување на врвот во атлетиката, а тоа е организација на супер престижната Дајмонд Лига.

Иако ќе биде тешко да се најде некој “поголем“ Бубка, охриѓани ќе настојуваат да донесат во Охрид промотор од светски ранг, а најголем фаворит е поранешниот фрлач на копје чехот Јан Железни со кого се остварени првичните контакти.


На наше задволство , Драгутин Топиќ (поранешниот европски првак во скок во височина)  по разговорот со зведата на овогодинешниот минтинг Марјан Опреа изрази желба да  дојде во Охрид и да биде гостин и да земе учество на митингот со своите натпреварувачи – вели Цветкоски.

Промоцијата на вториот Охридски Атлески митинг ќе започне од Брисел каде 12 до 14 Ноември на предавањето на ЕАА за подучување и подобрување ќе учествуваат сите директори на вакви спортски манифестации .

М.П.