Шестчлена експедиција на пливачкиот клуб Скопје во Охрид ги полни батерии за последниот настап сезонава на меѓународниот митинг во Радолица во Словенија викендов. По завршувањето на Државните првенства тие се одлучија овој период да го искористат и да се озвежат во Охрид.


На Градскиот базен “Атина Бојаџи“ се подготвуваат Мартин Стефаноски рекордер на 50 метри слободно, резултат постигнат на отворениот митинг во Бања Лука, потоа Ведран Маркоски пионерски рекордер во дисциплината грбно, Миро Крстевски , Виктор Смилевски,  Љупчо Ангелкоски и Младеноски Дејан 

Сезоната мина речи си перфектно за скопскиот клуб Стефаноски го собори рекордот на Маленко , Ведран Маркоски стана пионерски рекордер а помладите во секоја дисциплина се носат со најдобрите сениори во Македонија.


 

– После распаѓањето на пливањето во Охрид и Струга ништо не е исто. На македонското пливање дефинитнво му недостигаат овие центри, ова што се прави сега е огромен напредок со само тоа што се пушти охридскиот базен, но секако потребно е време за да се врати на она место каде што беше. Драго ми е што клубот Охридски бранови почна да функционира со својата пливачка школа од која очекувам за неколку години, Охрид повторно да добие некој првак – вели Методија Ангелески , тренер во ПК Скопје.

Со оглед на условите во кои се работи во Македонија можеме да бидеме задоволни, но севкупната слика во македонското пливање е едно големо разочарување за сите спортски работници кои се во пливањето, смета Ангелески


– Најголемиот проблем потекнува од инфраструктурните недостатоци. Користењето на клубовите на базените како и високите цени се главната пречка за добивања со масовност.Доаѓаме до ситуација само деца кои се финсиски помоќни да може да тренираат пливање. Но за да се изклистаризира квалитетот потребен е квантитет кој поради овие услови го нема – вели Ангелески

Македонија на ЛОИ во Лондон ќе настапи со две покани кои им ги додели Светската пливачка организација (Фина)

– Фина ни додели две покани, за нашите двајца во моментов најдобри пливачи по Фина бодови, Блажески Марко и Маринова Симона, кои и во последните неколку години се наши најдобри пливачи. Критриумите беа престроги, и тоа е поради некоја нивна политика. Нормите беа навистина високи за сите , како еден пример, Хрватска нема ниту еден А стандард, и тие добија неколку покани,  нивната пливачка федерација има околу 2 милиони евра буџет за разлика од нас каде државата одделува околу 15 илјади евра. Фина ги пополнува категориите редоследно, првенствено најдобрите па потоа доаѓат оние со А, Б, норма, и за разлика од Пекинг 2008 кога имаше околу 1200 пливачи, оваа бројка годинава е намалена на 900 пливачи – објаснува Ангелевски


Македонија во моментов  е сеуште далеку од настап на пливач со постигната норма на една Олимпијда.

– Во Пекинг, а и во Лондон настапивме со покана, но ако ние сакаме да имаме пливачи со норма, ќе треба многу работи да се променат.За да се постигнат врвни резултати потребни се 2 до 3 олимписки циклуси. Само како паралела, за високите стандарди во моментов, сегашното исполнување на норма би значело полуфинале во Пекинг, додека истиот тој резултат во Сиднеј или Аталанта би било и медаља.

Егзистенцијата е основниот проблем кој ги “брка“ спортистите од терените, пливачите од базените.

– Голем проблем е после 18. година, кога се отвараат нови патишта за младите луѓе кои се на крстопат, дали да се завршат студии и да се решат егзистинцијалните прашања. Еден од главните проблеми е законот за категоризација. Нас ни требаат средства за да ги исполниме тие стандарди кои во моментов би значеле олимписка норма, а тоа кај нас доаѓа обратно, откако ќе оствариме норма тоагаш доаѓаат средствата. Во моментов имаме двјаца пливачи кои го исполнуваат тој стандард и тоа Марко Блажески, и Евгениј Поп Ацев. Понатаму и клубовите кубурат со средства, парите се минорни во одност на тековните активности, па така бројот на сениори кои ќе останат и по нивната 18 година да се активни пливачи се намалува – рече Ангелески.


Не заборави да ја истакане големата благодарност до ПК Охридски Бранови и ЈП Билјани Извори, кои им озвоможија идеални услови за работа. Но потсети и на потребните подобрувања на инфраструктрата за повторно организирање на едно европско натпреварување.


– Оваа убавина овде ќе ја пренесеме, “Атина Бојаџи“ како центар е фанстатичен, јас и Стефаноски на почетокот на месецот бевме во Рим и имавме шанса да бидеме сместени во Олимпскиот центар, кој верувајте не се разликува многу, и таму имаше спортска сала, спортски терени за кошарка, ракомет, тенис, искрено сметам дека има надеж и дека Охрид може да стане регионален центар. Условите се фантастични и со добро менаџирање, кај луѓето кај кои гледам дека сакаат да го унапред работењето на спортскиот центар, ние најблиска соработка имаме со пливачите од Словенија и од Италија, големи пријатели сме кога би се понудили правите услови, да работи базенот од април до септември, водата да биде нормална околу 26 степени, веднаш би прифатиле да дојдат овде, освен тоа Охрид има све,хотели, аеродром и доколку има базен кој ќе работи 4-5 месеци можеме да бидеме конкурентни на пазарот. По последната Балканијада беше организирана во Охрид во 1997 година, и оттогаш наваму немаме организирано ниту еден официјален натпревар како Балканијада, Европско, квалификации . . завршува Ангелески.

М.П.